ПРОГРАМИ

JAZZMAN со Емил Парнаџиски

За Емил Парнаџиски ака Jazzman може да се рече дека е тешка категорија по своето искуство со музиката, што го стекнал уште од тинејџерските денови слушајќи блуз, соул, фанк. Родителите му го купуваат првиот грамофон Tosca 10 на негови 12 години и од тогаш му влегува чивијата за купување плочи. На свои некаде 20 години почнува да го осознава светот на џез музиката и тогаш станува страствен колекционер на истата. Со своите неколку емисии неделно во терминот од 20-22h, пуштајќи џез проткаен со соул, фанк, афро и латино ритмови, ќе проба да ви ги надразни вашите сетила. Музиката е неговиот живот, што би кажале за него. Mixcloud профил: https://www.mixcloud.com/parnadziski/

A SUNDAY KIND OF LOVE со Зоран Митровиќ

Емисијата е посветена на големите вокали во историјата на блуз, џез и соул музиката. Секоја нивна песна е приказна која го запира времето за да се судрат безброј стари и нови емоции. A SUNDAY KIND OF LOVE е во идеалниот термин на спокојно неделно претпладне.

LITE JAZZ со Марти Ивановски

LiteJazz чиј домаќин е Марти Ивановски е радио емисија, чија главна „мисија“ е популаризација на современата џез музика. Првата емисија се емитуваше во март 1993 година, на „Радио Уно“ (една од првите независни радиостаници во Македонија) и беше една од првите радио емисии посветени на современите трендови во џез музиката, како во Македонија, така и пошироко на Балканот. Со текот на годините, во LiteJazz почнува да доминира џезот со примеси на R&B, Soul и Funk, музички стил кој беше прифатен од голем број радио слушатели, правејќи го овој вид музика, еден од омилените во етерот. Во текот на последните две децении, Марти Ивановски имаше можност да направи интервјуа со познати музички имиња, како: George Benson, Joe Sample, Al Jarreau, Gerald Albright, Diana Krall, Brian Culbertson, Nick Colionne, Fourplay, Spyro Gyra, Mezzoforte, Shakatak, David Benoit, Acoustic Alchemy, Norman Brown, Mario Biondi, Marc Antoine, Brian Simpson, Dandy Dulfer, Richard Elliot, Brand New Heavies,,…и многу други. Со растот на интернет-платформите, особено услугите за онлајн стриминг на музика, слушателите имаат можност да ги слушаат радио-емисиите што се емитуваа во последната деценија на платформата Mixcloud: https://www.mixcloud.com/litejazz/

А кој ќе пушта музика?

Сите наши и ваши драги ликови, луѓе кои не мора да ги познавате но за кои сигурно сте чуле, секој успешен во својата професија имаат свој музички фаворити. А кој ќе пушта музика ке ни пренесе дел од нивниот ритам, стилот на музика кој е нивно секојдневие и ќе го сподели со сите нас.

Секој петок од 15 до 16 часот!

ИМПУЛСИ

„Импулси“ е алманах на македонската музика, презентер и чувар на македонскиот музички идентитет. Во двата термина ке се слуша најново, но и постаро од музичката сцена во Македонија.

DRAGAN FUNKY SHOW со Драган Станоевски

Драган од најрани години е колекционер и голем познавач на P Funk, Funk и Disco стиловите. Сме ги слушале неговите сетови во Клуб Метропол, Денис, Огниште Струга, Феријален, како и на Радио Уно, Мега Радио, Про ФМ Радио, Антена ФМ и на безброј приватни дружења и забави! Секој вторник од 15 до 16 часот ќе оди неговото ''Dragan Funky Show''исполнето со многу гости и нова ексклузивна музика.

STOP & LISTEN со Игор Спироски

Игор Спироски е вашиот домаќин во емисијата Stop & Listen. Повекегодишен селектор на музика со настапи низ Европа и регионот, ќе ви претстави дел од неговата богата винил колекација која се состои од Swing, Jazz, Blues, Funk и Latin наслови внимателно ''копани'' по подрумите низ светот. Резидент на повеќе урбани места низ градов каде со својот романтичен дух прави паралела на музиката низ децениите и модерното. Stop & Listen со Игор Спироски ќе биде во времетраење од два часа и се презентира премиерно во Среда 12.00 ч Секогаш посветена на различна тема презентирана во нејзината најава се состои од два дела: првиот ќе презентира три целосни страни од албуми додека вториот вклучува едночасовен микстејп на истоимената тема. Неочекуваното е негова движечка сила, со деликатност на неговата лекарсkа професија и винилот ќе прoба да ве изненади и да ја разубави работната недела.

CAN YOU DIG IT? со Бојан Чакра

Бојан Чакра е скопски музички ентузијаст, џез фанатик и страствен собирач на винил. Последнава деценија по локалите низ земјава и регионов, тој по неколку пати неделно селектира музика по свој вкус. "Can You Dig It? со Бојан Чакра" е џез емисија која се емитува премиерно секој петок во 12:00 на Just Music, скроена за сите кои сакаат да ги истражуваат звуците на бесконечно многуте џез изданија од 50тите, 60тите и 70тите години на минатиот век.

A song for every moon со Andrea & Simona Ivanovska

Оваа емисија е направена од две сестри растени со џез музиката од 50тите до 2000та година. Но секоја генерација си носи нова и единствена перспектива на тоа што е добра музика без да ги запостави своите основи. „Песна за секоја месечина“ е посветена на нео соул музиката која ги влече своите корени во 80тите и активно се развива и менува се до денес. Модерниот соул има елементи од фанк, поп, рок, хип хоп, електронска музика и секако џез музика. Андреа и Симона сакаат да ве доближат до оваа новата музичка сцена која може да ги задоволи потребите на класичните љубители на соул но и на новата генерација.

BLACK DYNAMITE со ЧувДеЧув

Музичката продавница ''ЧувДеЧув'' од својата голема колекција на блуз, соул, џез и фанк изданија ќе Ви ги претстави како најзначајните така и помалку познатите музичари и издавачки куќи, од времето на нивната најчиста и врвна креативна фаза пред големите могули да ги комерцијализираат до баналност овие музички стилови. Black Dynamite e музички омаж кој секогаш одново и одново доаѓа како стар пријател радо чуен и пречекан.

MAKCJAZZ со Коста Јованивиќ

Коста Јовановиќ ака MAKCJAZZ љубител на фанк, џез-фанк, латин џез. Музиката е моја терапија, се е тоа заради расположение и длабок,хипнотички ритам и добра атмосфера.

Wicked variety

Музичката селекција на Христина Тарабунова, насловена како "Wicked variety" е звучно патување низ светскиот фанк, џез и диско ритам, ретко слушнат а сепак привлечен за вистинските вљубеници на овие музички стилови. Од најрана возраст, покрај своите родители, Христина го осознава светот на етно, рок, блуз, рап и соул музиката како и оперските арии за подоцна да го прошири својот видик кон афро битот и тек-хаус сцената. На свои 24 години се вљубува во фанк и диско ритамот и од тогаш за себе вели дека едноставно е навлечена!Музиката е во нејзините гени, во нејзината душа. Не смеете да ја пропуштите таа вибрација во етерот! Секој четврток од 15 до 16 h, саат време квалитетно избрана музика.

MODERN HARMONIC со Никита

Modern Harmonic е емисија во која музичките стилови се подредени на имагиницијата на селекторот. Звуците на стариот но и на модерноиот бит, од сите континенти и земји…па се до новите форми на џез и соул и сите современи звучни изрази без разлика дали доаѓаат од мегалополиси како Чикаго, Њујорк, Париз, Токио или мали и повлечени места. Modern Harmonic е филмски саундтрак кој ги следи безбројните музички изблици низ целата наша планета Земја.

DISCO IS NOT DEAD со Марко Головски

Саксофон и кларинет, музичар. Пасија кон музиката од најрана возраст. На 12 годишна возраст запознавање со нов свет, радио. Од дете едуциран со најквалитетна музика (фанк, соул, џез, блуз, класика, опера, реге, рнб, хаус, технo и диско) Љубов која датира од мали нозе до денешен ден, која ескалира во диџејство. Активен слушател на квалитетен грув. Продуцент во аматерски размери. Живот исполнет со музика, многу опрема и од поскоро време грамофони и плочи. Навлечен на игла нели.

PORFIRIO’S CORNER

Џез - Мојата крв, пот ... моите солзи. Целата моја душа, моето тело и моето бегство од реалноста…Мојот момент и мојата сенка, мојот чекор и заблуденост… Мојата религија и размислување.
Љубов моја !
Вашиот, Порфирио

Master Groove

Пребарување на најдлабоките емоции што музиката може да ги донесе. Будење сеќавања на златната ера на музиката. Ширење на позитивноста и кул чувства низ избраната музика. Љубење на животот и совладување на грувот.

Jazzysad sa šlagom

Jazzysad е диџеј и продуцент од градот Суботица, Србија. Еден од пионерите на електро-свинг, ну џез и електро танго звуци на Балканот. Тој создава под влијание на душа, џез, буги, хип хоп, трип хоп, бразилски, скршен ритам. Во последно време, тој е фокусиран на настап со бендот Jazzysad Combo и промовирање на балкански џез изданија. Уметникот зад сцената е професионално и инженер за звук и моден дизајнер. Неговите надлежности се она што го натера да стане водечки менаџер на сцената „Midnight Jazzdance“ на реномираниот џез-фестивал Нисвил. Во 2008 година, тој потпиша со Леви Штраус и Ко како официјален соработник за музика во Србија. Како продуцент на радио-шоуто „Jazzysad“ на регионалното радио Касета, тој комбинира џез фанк, модален, латино и кисела џез музика од својата колекција. Секоја недела на радиото „Jammonite “, Jazzysad на слушателите ширум светот им презентира најразлични балкански џез-изданија. Од 2017 година, Jazzysad е домаќин на Меѓународната прослава на Денот на џезот во Србија. Чест гостин на европските клубови кои негуваат култура на винил. Jazzysad настапи со различни музичари - Shuya Okino, Rainer Trueby, Joey Negro, Perry Louis, DJ DJ Maestro, Valique, Faze Action, Jazzcat, The Jazz Pit. Вклучувајќи ги Паров Stелар, Марио Бионди, Никола Конте како гостин-диџеј. На регионалната музичка сцена, тој соработува со Марко Луис, квартетот Милан Петровиќ и НаисБлу.

https://www.facebook.com/jazzysad

https://soundcloud.com/masterflow-jazzysad

https://www.mixcloud.com/Jazzysad/

LOPTANJE со DJ Loptica

Dejan Shobot aka DJ Loptica comes to us from his hometown of Nis, Serbia. He has been with music since he knew about himself, and photographs are witnesses to the earliest times where memories betray! Federal Captain and Coach since 1994: from Fast Radio, Happy House, Exit Festival and Nisomnia to the Nishville Jazz Festival. With Milan Sitović (Jazzysad) they form the duo NiSu Brothers. He is the author of “Loptanje”, a show that is broadcast on several internet radio stations, and now on our radio every second wednesday of the month in the term “Wednesday: The Peak”. For a great selection of music and exclusive content, follow & subscribe to https://www.mixcloud.com/sobot_dejan/

SPLASH со Jovana

Она што започна како ескапистичка фантазија и хоби во средношколските денови на Јована, се претвори во нешто за што отсекогаш сонувала, своја радио емисија! После неколку години слушање и преземање музика на секоја платформа што може да ја обезбеди интернетот, од Limewire па до Spotify, како и други музички извори, таа успеа да создаде плејлиста за скоро секое расположение.
Нејзиниот избор има сè, од соул, фанк, џез, хип хоп и така натаму ... Така, според зборовите на Бет Дејвис во филмот All About Eve „Заврзете ги појасите, ќе биде незаборавна ноќ“.

Уживајте во возењето! :)

Диано Здравковиќ

Диано Здравковиќ (64), графичкии дизајнер во пензија, кој нема намера и професијата да је однесе во мирни пензионерски води. Живее помеѓу две музички верувања. Едното е дека Џ. Хендрикс е Колтрејн на гитарата а другото е дека Џ.Колтрејн е Хендрикс на саксофонот. Инаку, помеѓу овие две доктрини води нормален-креативен живот.

распоред на програма

Svante Thuresson - Let's Fall In Love
Се вчитува ...