Програми

JAZZMAN со Емил Парнаџиски

За Емил Парнаџиски ака Jazzman може да се рече дека е тешка категорија по своето искуство со музиката, што го стекнал уште од тинејџерските денови слушајќи блуз, соул, фанк. Родителите му го купуваат првиот грамофон Tosca 10 на негови 12 години и од тогаш му влегува чивијата за купување плочи. На свои некаде 20 години почнува да го осознава светот на џез музиката и тогаш станува страствен колекционер на истата. Со своите неколку емисии неделно во терминот од 20-22h, пуштајќи џез проткаен со соул, фанк, афро и латино ритмови, ќе проба да ви ги надразни вашите сетила. Музиката е неговиот живот, што би кажале за него. Mixcloud профил: https://www.mixcloud.com/parnadziski/

A SUNDAY KIND OF LOVE со Зоран Митровиќ

Емисијата е посветена на големите вокали во историјата на блуз, џез и соул музиката. Секоја нивна песна е приказна која го запира времето за да се судрат безброј стари и нови емоции. A SUNDAY KIND OF LOVE е во идеалниот термин на спокојно неделно претпладне.

LITE JAZZ со Марти Ивановски

LiteJazz чиј домаќин е Марти Ивановски е радио емисија, чија главна „мисија“ е популаризација на современата џез музика. Првата емисија се емитуваше во март 1993 година, на „Радио Уно“ (една од првите независни радиостаници во Македонија) и беше една од првите радио емисии посветени на современите трендови во џез музиката, како во Македонија, така и пошироко на Балканот. Со текот на годините, во LiteJazz почнува да доминира џезот со примеси на R&B, Soul и Funk, музички стил кој беше прифатен од голем број радио слушатели, правејќи го овој вид музика, еден од омилените во етерот. Во текот на последните две децении, Марти Ивановски имаше можност да направи интервјуа со познати музички имиња, како: George Benson, Joe Sample, Al Jarreau, Gerald Albright, Diana Krall, Brian Culbertson, Nick Colionne, Fourplay, Spyro Gyra, Mezzoforte, Shakatak, David Benoit, Acoustic Alchemy, Norman Brown, Mario Biondi, Marc Antoine, Brian Simpson, Dandy Dulfer, Richard Elliot, Brand New Heavies,,…и многу други. Со растот на интернет-платформите, особено услугите за онлајн стриминг на музика, слушателите имаат можност да ги слушаат радио-емисиите што се емитуваа во последната деценија на платформата Mixcloud: https://www.mixcloud.com/litejazz/

David Christie - Saddle Up
Се вчитува ...

new delicious