News

" Време е за џез - Ова е Вилис Коновер во Вашингтон, Д. Ц., со Гласот на Америка - Џез час."

Willis Conover 1969

E па мои ФБ пријатели... Едноставно сум привилегиран, почестен и малку возбуден што пишувам нешто за личност која беше една од моите први врски и прозорци кон џез музиката, човек кој направи неверојатна едукативна и воведна работа, ме научи и ми ги даде првите лекции за џез музика, историја, стилови... Тој е исто така одговорен во најголем дел што се заразив со вирусот наречен џез и основата на моето знаење и всадената почит се должат директно на образованието што го добив од г-дин. Коновер и музиката што ја пушташе преку неговите радио емисии. Со тоа признавам дека мојата животна посветеност на џезот е негова заслуга.

Во почетокот на 80-тите години во моите тинејџерски денови додека живеев во тогашна Југославија, земја која не беше зад железната завеса туку нешто на средината на патот, секоја вечер на радиото на мојот дедо - " Никола Тесла " опремено со лампи, со чести прекиди на сигналот,бледнеење и мешање со други блиски станици а сето тоа на кратки бранови, со моите " Уши широко затворени" редовно го слушав тоа опасно оружје и производ на капитализмот - Џез, презентиран со магичниот, уникатен, неверојатен и незаборавен глас на г-дин Вилис Коновер кој стана и остана негов препознатлив заштитен знак низ целиот свет. Тој сонорен, резонантен, прецизен, сериозен, речиси хипнотички длабок и многу силен бас ме враќа во меланхолични спомени на овој голем емисар на џез музиката и иако тој не е повеќе меѓу нас ќе остане во моето срце засекогаш.

На денешен ден во 1996 г. г. Коновер почина. Во спомен и сеќавање на оваа голема личност, човек кој го зароби моето срце и дух засекогаш со оваа музика и диск џокеј кој беше најголемиот џез глас на светот, решив да му оддадам почит со овој мал придонес на ФБ.

Американците и целиот џез свет треба да се гордеат со овој човек!

Од Скопје, Источен Берлин, Варшава и Прага до Ленинград, Москва и Владивосток..... ајде пријатели... само "Земете го А возот".... и уживајте... ништо повеќе, ништо помалку!

Ти благодарам и почивај во мир г-дин. Коновер..... заврши извонредна работа!!!!

Со почит,

Порфирио Рубироса